Ѓаволов круг

31.01.2010

Често кога сакаме да кажеме дека нешто е заглавено го користиме изразот од насловот. Постојат некои вечни загатки кои остануваат нерешени, токму заради тоа што формираат Ѓаволов круг.

На пример – „Во едно село, берберот ги бриче сите кои не се бричат сами. Кој го бричи берберот?“. Првично, ако берберот ги бриче сите, значи се бричи и себе си. Ако се бричи себе си, тогаш има некој во селото кој не се бриче сам. Ѓаволов круг… Е да ама не е! Напротив, има многу решенија: 1. Берберот воопшто не се бричи или има брада која се шиша; 2. Берберот нема брада (или е женско или е голобрад); 3. Берберот е всушност од другото село, не е жител на посоченото, така да не важи за него она „Сите“.

Втор пример на ментална гимнастика е обидот да ги подигнете чизмите додека ви се облечени. Секако дека ако се обидете да ги подигнете, треба да ја подигнете својата тежина – што не е чудно ако сте доста силен, но проблемот е што нема на што да стоите! Пак грешка – и за ова има решение. Направете „Стој на раце“ и чизните се подигнати. Може и да седнете и да ги подигнете нозете, ама со стој на раце сте поуверливи.

Трет пример е реченицата „Лажгото рече: Сите лажговци секогаш лажат“. Пак статива. Ако тој лаже значи дека не лажат сите. Ако не лаже, тогаш мора да има лажго кој ја зборува вистината (тој лично). Каде е чарето? Е чарето е во патолошките лажговци. Тоа се тип на лажговци кои својата лага и својата вистина ги третираат како лага. Лажгото, кажал вистинит исказ кој го третира како лага. Значи всушност вториот дел на реченицата дека ситте лажат за момент го искучува него – иако тој не е свесен.

Сега моМЕНТАЛНО не ми текнува уште нешто, па да видиме што ќе ви текне Вам („на вас“ што би рекла Шехерезад)

Диктатура, Грујо, Хитлер …

25.01.2010

Ете, научивме дека владеењето на Груевски е диктатура. Чист фашизам, а демек Грујо и Хитлер една иста реинкарнирана душичка. Ја замилувам Гоца како Геринг, а Антонио „ќе да буде“ Ромел. Нормално, Хајнрих Химлер треба да е Мијалков. Шеќеринска го нарече човекот – Кастро во куси пантолони, а Ми се чини Јани Ма-КРАДУ-ли беше тој што го нарече нашиов пишман премиер – Путин (ќе објаснам другпат зошто така го нареков „пишман“). Наголемо се пишува, дури и вевчанскиот штаб на СДС се маскира како Грујо – Хитлер. Сега, ние си знаеме по чија иницијатива (еден „уважен“ гостин) и за колкава сума (5000 денари) шеташе Грујо-Хилер по Вевчани, ама тоа не е битно. Битен е резонот што следува:

Хилер е познат по немилосрдното убивање (од страна на СС) на сите свои политички противници. За разлика од Хитлер, Грујо неистомислениците ги остава да викаат „Европа, Европа“ и јавно да кажуваат дека премиерот им е диктатор. Поразително глупаво е јавно да  тврдиш дека јавниот говор ти е забранет. Тоа му доаѓа нешто како ѓаволов круг. Забрането е, ама не е. Тој сите ги казнува ама еве најгласните (затоа што им се плаши) не ги затвора. Онаа што го нарече Кастро му го води националниот совет за евроинтеграции.  Јани -  потпретседател на собрание и член на Македонската  делегација во интерпарламентарната унија на ЕУ.  

Хилер е познат по замолчување на јавното мислење кое е спротивно на неговото. Груевски на врат ги има – А1, Телма, Утрински, Сега, Дневник, Време, Шпиц, Капитал, Вест, Фокус, Коха, Арена, Алфа ТВ, Комплет го има Сорос кои што да бидиме реални излегле со наслови за кои секој здрав во мозокот барем еднаш помислил дека афторите на насловите и текстовите „се болни под скалпот“. И Груевски рекол дека има лоши новинари – тоа е замолчување. На пример, никој не знае дека една новинарка и една вработена во МВР во март 1996-та „исчезнаа“ (го истражуваше новинарката Атентатот). Вработената ја најдоа на водно – кутрата се самоубила. Новинарката испари. Видете, тие тогаш што беа на власт беа демократи. Дозволуваа свашта да се пишува. Цела „Фабрика“ од вести измислија, ама беа демократи. Овој сега – Жив Хилер. Па уште се осмелува да коментира одлука која ја почитува, а знае дека одлуката на „Уставен“ е троа поголема од Библијата и Куранот заедно – без можност за грешка.

Еден мој добар пријател, на ВМРО и Грујо му има посветено барем 70% од своето пишување по фејсбук. Интелектуалец во чиј речник е сосема нормално да се најде „Идиоти“, „Диктатори“, „Лигавичари“… Ко Фрчко да го читам. И нормално, некоја будала од ВМРО му се заканила и го опцула. Абе човекот поверува дека животот му е во опасност, па на сите труби трубеше дека „го репресирала власта“. Ај објасни9 му на некого дека ВМРО има 60000 члена кои не мора задолжително да се паметни. Има и морони, нормално. Е Грујо го репресирал човеков. Абе прав Хитлер! Не дај Боже! Што треба да речам јас за Власта која ми испрати данок да платам за фирма затворена пред 3 години? Дека ме репресира? Па јасно е  дека некој третокласен пијан службеник направил грешка. Најкултурно – на суд и нека каже таму од каде да му најдам сметка која е затворена пред 3 години. Ќе му платам – баш од таа сметка. Ама Власта ме репресира – Чувај боже!

Ајде доста е… Ќе видиме на кометарите…

Пуши-пуши пушиме…

22.01.2010

… Гајле си немаме, пуши цела нација – со гаранција

Владо (И Роберт, тогаш „Ластовица“), тогаш веројатно алудираа на малку по еколошко пушење, ама денешниот текст во Нова Македонија ме натера да помислам дека навистина цела нација пуши тутун. Паушални какви што се, нашиве новинари, па и авторот на овој текст, тврдат дека 70% од нацијата ни пушела! Чувај боже. Па 30% се деца под 15 години. Кај го ископавте тој процент… Според анкети направени во кафеани (што и беше најголем интерес) 56% од испитаниците се пушачи. тоа значи дека 44% се трујат не по сопствена волја, туку заради ароганцијата на другите. Кој ги е** 44%, помалку се!

Понатаму меанџиите се соочиле со пад на профитот од 40% до 70%. Во просек 55%, што баеги наликува на оние 56% пушачи. Малтене, 1% непушачи сега не одат во кафеана – зошто нема чад! Нонсенс проценти, ако се знае дека пушачот може да издржи без цигара, или да запали надвор, додека има категорија луѓе, мојата на пример, која се откажа од кафеани – токму заради тутунот (освен летно време, на отворени тераси). Пред некој ден бев во „Кадмо“. Сите маси беа зафатени, во бош време, 18 часот.  Седнав, пиевме капучино, и како и пушачите, така и јас си го платив капучиното…

Пушењето, за жал е порок, одлика на слабоволност. Да знаеш дека ти шкоди, а да го правиш треба да си луд. Да знаеш дека смрдиш и дека си тотално непожелен за друштво, и пак да се одлучиш за цигарата, пак треба да си луд. Да знаеш дека страдаат твоите деца заради тебе, и да си упорен во тоа, пак треба да си луд. Арно ама, најверојатно не е лесно да се откажеш од цигари… За среќа ( за научната констатација – за жал) јас цигара не сум ниту пробал. 34 години, првиот чад не ми е сеуште вовлечен. Да пресметам, по една кутија цигари на ден да сум пушел од полнолетство, ќе ме чинело во директни финансиски сретства – 5844 евра. Ќе кука некој пушач дека нема автомобил, а го испушил цел, сосе ауспух. Ќе се жали 50 годишен пушач кој се фикса со по две кутии дневно дека децата му се невработени, а со 20000 евра кои ги испушил може да му почнат мал семеен бизнис децата. Неверојанто, ама пушењето е посилно од се… Абе фрлај по едно евро зад шифоњер секогаш кога ќе поссакаш тие пари да ги потрошиш за цигари! Не мораш ни до банка да одиш (иако е подобро).

Нено Богдан во една прилика коментираше дека ова е „закон за пад на рејтингот на ВМРО“, како забелешка на мојот коментар дека не вреди на овој народ да му чиниш добрина, ако тој мисли дека добрината е лоша. Напиша дека е џабе да се прави закон против пушење, ако не се искорени пушењето. Е ајде бе Нено… Како да му земам цигара на пушач кога меѓу детето и цигарата – ја бира цигарата? Законов е „нужно добро“ (за пушач, привидно, ова е „нужно зло“). 

Татко ми не пуши од моја многу мала возраст… Живеевме во Вевчани тогаш, и една вечер, Мајка ми го замолила да слезе (стар тип куќа, горе спални долу се останато), да го постави млекото за кратко во ладна вода, зато што јас сум плачел за млеко, а шишето со млеко било премногу жешко. Татко ми рекол – „ајде де, нека почека малку, уморен сум“… И ок… сум почекал, не сум бил неразумен тогаш. Но, пред да си легне, татко ми посакал да зачади еден тутун. Оп, на спратот нема! Ајде долу по цигари, кога констатира – нема… Му текнало дека во колата, која заради мразот ја оставил паркирана околу 500 метри од дома – има цигари… Капутот, чизмите и по студот тргнал по цигарите во колата. Конечно, запалил, и враќајќи се кон дома, размислувал вака некако: „За моето дете, не слегов 15 скали. За цигара, покрај тие 15 скали, слегов уште 500 метра, за кои требаше и да се облечам, и да се лизгам по голомразицата… Дали цигарата е толку повредна од гладот на моето дете?“. Така, татко ми решил да ги остави цигарите, затоа што разумот одлучил дека не може 10 сантиметри тутун да вредат колку за неговите деца. Им препорачуван на пушачите да не се залажуваат дека се поинаки, посилни или поразумни… Не се, замо се надеваат дека се!


Follow

Get every new post delivered to your Inbox.