Пуши-пуши пушиме…

… Гајле си немаме, пуши цела нација – со гаранција

Владо (И Роберт, тогаш „Ластовица“), тогаш веројатно алудираа на малку по еколошко пушење, ама денешниот текст во Нова Македонија ме натера да помислам дека навистина цела нација пуши тутун. Паушални какви што се, нашиве новинари, па и авторот на овој текст, тврдат дека 70% од нацијата ни пушела! Чувај боже. Па 30% се деца под 15 години. Кај го ископавте тој процент… Според анкети направени во кафеани (што и беше најголем интерес) 56% од испитаниците се пушачи. тоа значи дека 44% се трујат не по сопствена волја, туку заради ароганцијата на другите. Кој ги е** 44%, помалку се!

Понатаму меанџиите се соочиле со пад на профитот од 40% до 70%. Во просек 55%, што баеги наликува на оние 56% пушачи. Малтене, 1% непушачи сега не одат во кафеана – зошто нема чад! Нонсенс проценти, ако се знае дека пушачот може да издржи без цигара, или да запали надвор, додека има категорија луѓе, мојата на пример, која се откажа од кафеани – токму заради тутунот (освен летно време, на отворени тераси). Пред некој ден бев во „Кадмо“. Сите маси беа зафатени, во бош време, 18 часот.  Седнав, пиевме капучино, и како и пушачите, така и јас си го платив капучиното…

Пушењето, за жал е порок, одлика на слабоволност. Да знаеш дека ти шкоди, а да го правиш треба да си луд. Да знаеш дека смрдиш и дека си тотално непожелен за друштво, и пак да се одлучиш за цигарата, пак треба да си луд. Да знаеш дека страдаат твоите деца заради тебе, и да си упорен во тоа, пак треба да си луд. Арно ама, најверојатно не е лесно да се откажеш од цигари… За среќа ( за научната констатација – за жал) јас цигара не сум ниту пробал. 34 години, првиот чад не ми е сеуште вовлечен. Да пресметам, по една кутија цигари на ден да сум пушел од полнолетство, ќе ме чинело во директни финансиски сретства – 5844 евра. Ќе кука некој пушач дека нема автомобил, а го испушил цел, сосе ауспух. Ќе се жали 50 годишен пушач кој се фикса со по две кутии дневно дека децата му се невработени, а со 20000 евра кои ги испушил може да му почнат мал семеен бизнис децата. Неверојанто, ама пушењето е посилно од се… Абе фрлај по едно евро зад шифоњер секогаш кога ќе поссакаш тие пари да ги потрошиш за цигари! Не мораш ни до банка да одиш (иако е подобро).

Нено Богдан во една прилика коментираше дека ова е „закон за пад на рејтингот на ВМРО“, како забелешка на мојот коментар дека не вреди на овој народ да му чиниш добрина, ако тој мисли дека добрината е лоша. Напиша дека е џабе да се прави закон против пушење, ако не се искорени пушењето. Е ајде бе Нено… Како да му земам цигара на пушач кога меѓу детето и цигарата – ја бира цигарата? Законов е „нужно добро“ (за пушач, привидно, ова е „нужно зло“). 

Татко ми не пуши од моја многу мала возраст… Живеевме во Вевчани тогаш, и една вечер, Мајка ми го замолила да слезе (стар тип куќа, горе спални долу се останато), да го постави млекото за кратко во ладна вода, зато што јас сум плачел за млеко, а шишето со млеко било премногу жешко. Татко ми рекол – „ајде де, нека почека малку, уморен сум“… И ок… сум почекал, не сум бил неразумен тогаш. Но, пред да си легне, татко ми посакал да зачади еден тутун. Оп, на спратот нема! Ајде долу по цигари, кога констатира – нема… Му текнало дека во колата, која заради мразот ја оставил паркирана околу 500 метри од дома – има цигари… Капутот, чизмите и по студот тргнал по цигарите во колата. Конечно, запалил, и враќајќи се кон дома, размислувал вака некако: „За моето дете, не слегов 15 скали. За цигара, покрај тие 15 скали, слегов уште 500 метра, за кои требаше и да се облечам, и да се лизгам по голомразицата… Дали цигарата е толку повредна од гладот на моето дете?“. Така, татко ми решил да ги остави цигарите, затоа што разумот одлучил дека не може 10 сантиметри тутун да вредат колку за неговите деца. Им препорачуван на пушачите да не се залажуваат дека се поинаки, посилни или поразумни… Не се, замо се надеваат дека се!

5 Responses to “Пуши-пуши пушиме…”

  1. Нено Богдан Says:

    Многу е тешко некој што пушел со години да го натераш да се одвикне од пушењето, оти тоа е веќе зависност на био-хемиско ниво. Се разбира дека е можно, ама треба многу волја и самосвесност за да се откаже некој од цигарите (примерот со татко ти).

    Затоа, најдобро е да се работи на превентивата, т.е. да се намалат факторите кои ги тераат луѓето да ПОЧНАТ да пушат.

    Подобро да се спречи, одошто да се лечи, нели.

    А кои се тие фактори? Од многуте фактори, од кои повеќето се ефемерни, еве ги трите најважни:
    .
    .
    .
    1. Желба за прифаќање:

    Кирил прашан за тоа како почнал да пуши вели: „а бе види, сите пушеа, и сеа ја да седам у друштво и сите да димат а ја да се праам важен и да не димам, нема смисла нели. Мораш така. Ако сите околу тебе пијат и ти ќе пиеш, ако сите околу тебе пушат и ти ќе пушиш. Како иначе ќе те прифатат у друштво?“

    А и сега не можам да откажувам, оти јеби га и сега у моето друштво сите сме веќе возрасни луѓе, родители, ама сите пушиме и сите знаеш, ова, абе, ритуал ни е.

    .
    .
    .
    2. Бунт:

    Јован го објаснува својот пат кон своите две кутии Марлборо на ден: „абе да ти кажам чоек ич кур не ми чуе, жими се, било штетно, било скапо, му смрдело некого, курац викам, курац!!! Знам дека е скапо, ама можам бре да си дозволам, не сум клошар у пичку матер, на шо ќе личи да ме праша некој зашто не пушиш и ја да му речам скапо ми е, а се праам дека сум постојано зафатен со бизнис и дека млатам пари?

    Шо сум ја, социјален случај па за двеста евра месечно да се секирам. Нека горат, мои се, ми се може.

    Знам дека е можда штетно и дека народ има шо умира од рак или не знам други болести од цигарите, али ја ете жив сум уште и значи јас сум појак од сите оние пички што не можат една цигара да пуфнат без да се секираат дека нешто ќе им биде.

    Конечно, им смрдело на луѓето? Кој ги ебе, им смрдам а ете ме трпат околу нив, значи дека им требам! Значи дека не можат да ми кажат дека им смрдам, оти сум премногу важен во нивните животи и ме трпат.

    Значи: тоа што пушам е доказ дека сум богат доволно да не се секирам за цената, дека сум јак доволно за да издржам две пакли на ден додека некој умира од пола пакла, и дека сум доволно важен за луѓе да не смеат да ми речат да пушам надвор.
    .
    .
    .

    3. Хронична љубопитност:

    Ана: „да бе, види, млада бев, гледам сите пушат, па си викам што да не пробам и јас. Мислам, пола нација пуши, па да не и фали нешто? Знаеш, читам у весник дека секоја година во Македонија умирале по 4.000 луѓе од последиците на пушењето. А имало милион пушачи. Значи дека 996.000 не умираат од пушењето секоја година!

    Така да, интересно ми беше, не верувам дека е толку многу штетно, мислам дека само го плашат народот дека е тоа штетно само за да можат да маваат високи даноци за цигарите и никој да не може да им приговори, па така… како да ти кажам, прво од радозналост, после ми стана навика. Али не ми смета, не планирам да се откажам.“

    .
    .
    .

    И така, тоа се драматизирани три изјави кои ги отсликуваат трите главни психолошки причини заради кои луѓето почнуваат да пушат.

    1. Да ме сакаат сите,
    2. Да се чуствувам силно,
    3. Да сум слободен да имам право на избор.

    Секој човек има длабока психолошка потреба да ги задоволи тие три барања. Пушењето во сегашната општествена атмосфера на стигматизација негова ги задоволува сите тие три барања.

    Не е тука битна објективноста, ами психолошкиот момент. Не се битни рационалните и логичните аргументи, оти тоа е емотивно прашање. Многу малку луѓе се рационални, најголемиот дел се емотивни. Тоа е природен закон и тука нема бегање, емоцииите владеат.

    Затоа, борбата против пушењето мора да биде на фронтот на емоциите. Не на аргументите.

    Второ, размисли за ова: ако се дестигматизираат цигарите и пушењето, ако се укинат сите посебни давачки за нив, нивната цена ќе падне драматично: со тоа се удира врз втората причина, оти цигарите ако се ефтини и сосема обични предмети не може да се симбол на бунт. Фраер не е оној што се вози у фичо, туку оној што се вози на див мотор или спортска кола или прескап џип.

    Трето, размисли за ова: на првиот час во прво одделение учителката според воспитната програма на секое дете да му даде една цигара од врвна марка, со топ квалитет да ја испуши слободно и без да се крие. Чисто за да види како тоа делува и да му помине уште на старт радозналоста.

    Со тоа си ја удрил третата причина за пушење.

    И прво, (иако е трето), размисли за ова: да се обезбедат услови за децата и тинејџерите да припаѓаат на многу различни друштва. Во стилот имаш едни другари од класот по математика, сосема друго друштво од класот по историја, сосема трета група познајници од класот по физичко, потоа да е член младиот човек во некоја воншколска спротска – музичка – планинарска – политичка група, со што секој човек нема да припаѓа само на една група као што сега е случај со сегашниот концентриран систем на образование (истите луѓе ти се соученици и на историја и на математика и на физичко, комшии во маало ти се) туку да имаш пристап до десетина разни групи.

    Така, ако во една група има притисок да пушиш, ќе биде тој притисок само 10% од вкупниот колективен притисок за прифаќање. Со други зборови, ако не ме прифаќа една група поради тоа што не сакам да пушам, па јеби га, има девет други групи во кои сум член таму ваљда ќе ме прифатат тие другари.

    Со сегашниот концентриран образовен систем (кој е најприсутен во животот на младиот тинејџер) ако во една група не те сакаат за другар, кај ќе најдеш друго друштво?

    .
    .
    .
    И така, тоа е мојот план за елиминирање на причините за почнување со пушење кај младите луѓе, ама како што гледаш тој е анти-догматски, значи вклучува темелно разбирање на психологијата на младиот човек.

    А нели е полесно да се донесе закон за забрана, да се остави тој закон сосема да крахира оти никој нема да го почитува и на крајот да се укине законот и да се има изговор.. ете луѓе пробавме, ама народот не чини, ние сме арни, другите се криви.

    Мето, некои луѓе одат во битка за да загинат храбро, други одат за да победат.

    Мислам дека ме сфати.

    Поззз..

  2. archangelkoski Says:

    Ќе те заебе уставен во планот… :Р

  3. Нено Богдан Says:

    Тоа значи дека првин пред било што да се прави, мора да се направи еден добар план за заебување на Уставниот!

  4. Zoki Zorbital Says:

    Друшкане стаив линк до твојов текст, а и коментарот на Нено Богдан ме зачита… Браво

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


Follow

Get every new post delivered to your Inbox.