Диктатура, Грујо, Хитлер …

Ете, научивме дека владеењето на Груевски е диктатура. Чист фашизам, а демек Грујо и Хитлер една иста реинкарнирана душичка. Ја замилувам Гоца како Геринг, а Антонио „ќе да буде“ Ромел. Нормално, Хајнрих Химлер треба да е Мијалков. Шеќеринска го нарече човекот – Кастро во куси пантолони, а Ми се чини Јани Ма-КРАДУ-ли беше тој што го нарече нашиов пишман премиер – Путин (ќе објаснам другпат зошто така го нареков „пишман“). Наголемо се пишува, дури и вевчанскиот штаб на СДС се маскира како Грујо – Хитлер. Сега, ние си знаеме по чија иницијатива (еден „уважен“ гостин) и за колкава сума (5000 денари) шеташе Грујо-Хилер по Вевчани, ама тоа не е битно. Битен е резонот што следува:

Хилер е познат по немилосрдното убивање (од страна на СС) на сите свои политички противници. За разлика од Хитлер, Грујо неистомислениците ги остава да викаат „Европа, Европа“ и јавно да кажуваат дека премиерот им е диктатор. Поразително глупаво е јавно да  тврдиш дека јавниот говор ти е забранет. Тоа му доаѓа нешто како ѓаволов круг. Забрането е, ама не е. Тој сите ги казнува ама еве најгласните (затоа што им се плаши) не ги затвора. Онаа што го нарече Кастро му го води националниот совет за евроинтеграции.  Јани -  потпретседател на собрание и член на Македонската  делегација во интерпарламентарната унија на ЕУ.  

Хилер е познат по замолчување на јавното мислење кое е спротивно на неговото. Груевски на врат ги има – А1, Телма, Утрински, Сега, Дневник, Време, Шпиц, Капитал, Вест, Фокус, Коха, Арена, Алфа ТВ, Комплет го има Сорос кои што да бидиме реални излегле со наслови за кои секој здрав во мозокот барем еднаш помислил дека афторите на насловите и текстовите „се болни под скалпот“. И Груевски рекол дека има лоши новинари – тоа е замолчување. На пример, никој не знае дека една новинарка и една вработена во МВР во март 1996-та „исчезнаа“ (го истражуваше новинарката Атентатот). Вработената ја најдоа на водно – кутрата се самоубила. Новинарката испари. Видете, тие тогаш што беа на власт беа демократи. Дозволуваа свашта да се пишува. Цела „Фабрика“ од вести измислија, ама беа демократи. Овој сега – Жив Хилер. Па уште се осмелува да коментира одлука која ја почитува, а знае дека одлуката на „Уставен“ е троа поголема од Библијата и Куранот заедно – без можност за грешка.

Еден мој добар пријател, на ВМРО и Грујо му има посветено барем 70% од своето пишување по фејсбук. Интелектуалец во чиј речник е сосема нормално да се најде „Идиоти“, „Диктатори“, „Лигавичари“… Ко Фрчко да го читам. И нормално, некоја будала од ВМРО му се заканила и го опцула. Абе човекот поверува дека животот му е во опасност, па на сите труби трубеше дека „го репресирала власта“. Ај објасни9 му на некого дека ВМРО има 60000 члена кои не мора задолжително да се паметни. Има и морони, нормално. Е Грујо го репресирал човеков. Абе прав Хитлер! Не дај Боже! Што треба да речам јас за Власта која ми испрати данок да платам за фирма затворена пред 3 години? Дека ме репресира? Па јасно е  дека некој третокласен пијан службеник направил грешка. Најкултурно – на суд и нека каже таму од каде да му најдам сметка која е затворена пред 3 години. Ќе му платам – баш од таа сметка. Ама Власта ме репресира – Чувај боже!

Ајде доста е… Ќе видиме на кометарите…

5 Responses to “Диктатура, Грујо, Хитлер …”

  1. Нено Богдан Says:

    Ова си го заборавил:

    Хитлер штом дошол на власт го запалил Рајхстагот (т.е. парламентот)

    Грујо штом дојде на власт изрази желба да му додаде на нашиот „рајхстаг“ уште еден кат или барем куполи.

    Ова веројатно за да кога ќе го запали, да гори подолго време.

    Плус: кога Хитлер дошол на власт, многу брзо потоа почнал да ги прогонува политичките противници и да ги става во логори.

    Кај нас, штом нашиот „диктатор“ дојде на власт веднаш почна политичките неистомисленици да си става во… раководството (!) на својата партија (Боцески, Ставрески…)

    Абе ист како Хитлер е, жими се :-)

  2. Нено Богдан Says:

    Можеш да објавиш на блог.мк последен пост за да кажеш кај си заминал.

    Вака кој те бара нема да знае како и каде да те најде…

    Поради тукашната репресија,
    и забранетата експресија,
    дојдов под импресија,
    дека блогирам џабе на вересија,
    и за да не паднам во депресија
    си заминав во Вордпресија!

    и пиши: http://archangelkoski.wordpress.com

    (само предлог)

  3. gocajaska Says:

    … кога ќе го земеме рејтингот како мерка за споредба … тогаш навистана човек да се запраша како е можно Груевки да има мал број на медиумски подржувачи , а спроти него б.ц. палета во илјада и една …
    … секој познавач на настаните на балканот веднаш знае дека повторно во игра се сите соседни земјички …
    … Америте очигледно дека немаат моќ да издејствуваат демократија во грција … сиот свет виде како Америка се повекува … сиот свет виде како ЕУ се повлекува … Но , кога грците со финансиите им замрсија конци у европата веднаш ЈА ОСУДИЈА ЗА ВЕЛЕПРЕДАТСТВО И НЕДЕМОКРАТИЧНОСТ !
    … Дали тоа треба да значи дека ЕУ и Америка воопшто не се заинтересирани за почитување на меќународното право … или нашите политичари треба да се изборат за МАКЕДОНСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО ЕТЕРОТ …
    … Приметив … сите медиуми работат единствено преку моделот „манифактура „ … ако грците се банкрот , тогаш се поставува прашањето КОЈ ПЛАЌА!!!
    … о , да – името не и смета на грција … му смета на некој многу МОЌЕН!
    … но , не толку моќен за да тргне против вољата на МАКЕДОНЕЦОТ !

  4. Sladjana Dimitrovska Says:

    Одличен текст

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s


Follow

Get every new post delivered to your Inbox.