Често кога сакаме да кажеме дека нешто е заглавено го користиме изразот од насловот. Постојат некои вечни загатки кои остануваат нерешени, токму заради тоа што формираат Ѓаволов круг.
На пример – „Во едно село, берберот ги бриче сите кои не се бричат сами. Кој го бричи берберот?“. Првично, ако берберот ги бриче сите, значи се бричи и себе си. Ако се бричи себе си, тогаш има некој во селото кој не се бриче сам. Ѓаволов круг… Е да ама не е! Напротив, има многу решенија: 1. Берберот воопшто не се бричи или има брада која се шиша; 2. Берберот нема брада (или е женско или е голобрад); 3. Берберот е всушност од другото село, не е жител на посоченото, така да не важи за него она „Сите“.
Втор пример на ментална гимнастика е обидот да ги подигнете чизмите додека ви се облечени. Секако дека ако се обидете да ги подигнете, треба да ја подигнете својата тежина – што не е чудно ако сте доста силен, но проблемот е што нема на што да стоите! Пак грешка – и за ова има решение. Направете „Стој на раце“ и чизните се подигнати. Може и да седнете и да ги подигнете нозете, ама со стој на раце сте поуверливи.
Трет пример е реченицата „Лажгото рече: Сите лажговци секогаш лажат“. Пак статива. Ако тој лаже значи дека не лажат сите. Ако не лаже, тогаш мора да има лажго кој ја зборува вистината (тој лично). Каде е чарето? Е чарето е во патолошките лажговци. Тоа се тип на лажговци кои својата лага и својата вистина ги третираат како лага. Лажгото, кажал вистинит исказ кој го третира како лага. Значи всушност вториот дел на реченицата дека ситте лажат за момент го искучува него – иако тој не е свесен.
Сега моМЕНТАЛНО не ми текнува уште нешто, па да видиме што ќе ви текне Вам („на вас“ што би рекла Шехерезад)
31.01.2010 во 15:53 ч. |
Еве сроден пример (макар не баш ист):
Во една земја почнала граѓанска војна меѓу две партии кои се викале Џ.А и Б.У
Единствената разлика меѓу приврзаниците на ЏА и БУ било што оние од ЏА ги мразеле оние од БУ, а оние од БУ ги мразеле оние од ЏА.
Еден припадник на ЏА бил фатен како им дава доверливи информации на оние од БУ.
Го суделе за предавство.
А тој се бранел дека не е предавник, оти тој е припадник на БУ, оти го исполнува единствениот услов да биде припадника на БУ: ги мрази припадниците на ЏА.
Запрашан како може да тврди дека ги мрази припадниците на ЏА, кога и самиот е припадник на ЏА, тој одговорил дека не е припадник на ЏА оти услов да биде припадник на ЏА е да ги мрази припадниците на БУ, а тој не ги мрази.
Запрашан зошто ако ги мрази џаовците се преправал дека е и самиот џаовец, тој одговорил: „Толку многу ги мразам џаовците што омразата ми даде сила да можам да глумам дека сум џаовец“
Неговиот финален одговор бил (пред да го стрелаат): „ме стрелате не заради тоа што сум јас (припадник на БУ) туку заради тоа што сте вие (слепци кои не можевте да ме познаете дека сум цело време БУовец). Дали е правда ако за вашата грешка јас треба да ја сносам казната?“
И стварно Мето, ако некој те лаже и ти не си го сфатил тоа на време, кој е крив: ти што не си го сфатил дека те лаже, или тој што те лажел.
И кога ќе го фатиш треба него да го казниш, или сам себе?
Оти тој тебе те лажел искрено (оти те лажел стварно од самиот старт), а ти си му верувал лажно (оти не си му верувал до крај, туку конечно си сфатил дека те лаже).
31.01.2010 во 16:41 ч. |
И остај… колку имам лажено и не сфатиле навреме… После една ми се налути. Па јас ли сум крив?
Да те прашам нешто, На фејсбук имаш профил?
31.01.2010 во 16:49 ч. |
Немам.
Фејсбук не го сметам за доволно сериозна платформа за мојот калибар.
Од таму, заклучок: не планирам ни да имам.
02.02.2010 во 07:59 ч. |
Не ради тоа. Ради читаноста. На блог имав читатели, овде те имам тебе, а истото на фејсбук го читаат преку 100 души, веднаш штом го напишеш. Инаку мрежата е исклучително голема, така да сериозноста е од-до. Има се!
02.02.2010 во 16:47 ч. |
Читаноста е доста лошо дефиниран поим.
Не е читаност ако се појави текст и го видиш и читнеш две три реченици и речеш, ах глупости, и си одиш.
Компјутерот ќе те регистрира дека си посетител, ама не е тоа читател, нели?
Вака, знам дека секој што ќе дојде да ме посети дошол да ме чита.
Не сум на блог.мк, не сум на фејсбук, не сум агрегиран никаде па штом објавам пост или коментар да се појави негде па некој да го види од радозналост.
Мојот маркетиншки модел е word of mouth. Ќе ме прочита Мире ќе му се допадне ќе му каже на Кире да ѕирне. Ако на Кире му се допадне, ќе му каже на Жаре да ѕрине, Жаре на Маре, Маре на Ане, Ане на Ване… а Ване седи у канцеларија спроти мене и ми кажува, леле човек гледај колку јак текст има објавено некој си Богдан на блогот негов… чекај бе, ти да не си тој?
Поентата е дека на тој начин се создаваат вистински читатели.
Бавно, ама сигурно. Не ми треба мене некој што само на поминување ќе ме читне како на блог мк или на фејсбук.
Вака знам дека можеби немам квантитет, ама имам квалитет.
А и квантитетот ќе дојде со време.
Сети се само како ти почна ме читаш. Ти беше пишал алтернативно гледање за Словените, јас ти пуштив линк до мојот текст за мојот алтернативен поглед на истата тема, and the rest is history.
Имам опција да гледам преку сајтметар и преку вордпрес од каде се дојдени читателите. Голем дел се автоматски (од букмарк со мојот сајт) дојдени, што значи тие се редовни.
Мал дел пак доаѓаат од фејсбук (од некоја порака како што погоре ти опишав), од таратур точка ком каде што објавуваат мои колумни па и од таму доаѓаат нови читатели, а и од мејлови, форуми ако некој читател реобјави мој текст на тој форум…
Така да, расне бројот на читатели редовни. Тоа ми е битно. Вистински читатели, а не само посетители.